[Текст за песната „Se odbiram sebe“]
[Строфа 1]
Илјада чекори во само еден здив
Залудно гледам на тебе ги потрошив
Целосно, твоја бев за тебе дишев
Рушев планини, под черга криев прашина која јас ја проголтав
[Рефрен]
Само сомнежи, само отрови во нас
Празни погледи, души студени ко мраз
Земи сè, спакувај ги спомените
Те сакав до бол, но наместо бол се одбирам себе
[Строфа 2]
Висини, небесни сини длабочини
Наивно, верував во сите приказни
Упорно, барав срце сјај да впие
Сфатив ти си тој кој долго сонцето го крие, слепо барав утеха
[Рефрен]
Само сомнежи, само отрови во нас
Празни погледи, души студени ко мраз
Земи сè, спакувај ги спомените
Те сакав до бол, но наместо бол се одбирам себе
[Мост]
Небесни висни, сини длабочини
Создавам, одново, во мене за себе, во мене за себе
По нова патека, уште илјада
Нови чекори ќе изодам, себеси се одбирам
[Рефрен]
Само сомнежи, само отрови во нас
Празни погледи, души студени ко мраз
Земи сè, спакувај ги спомените
Те сакав до бол, но наместо бол се одбирам себе